Шпанскиот плејмејкер Хуан Мата не е задоволен од својот статус во Манчестер Јунајтед и најверојатно уште во јануарскиот преоден рок ќе ја промени средината.
Мата беше стандарден на почетокот на сезоната, но во последните два месеци неговата минутажа значително се намали, па јасно е дека Мурињо не смета на него.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Интерес за Мата покажува Интер, а медиумите тврдат дека можно е Шпанецот да го видиме на „Џузепе Меаца“ уште во јануари.
Манчестер Јунајтед нема ништо против да го пушти Мата во Милано, но „црвените ѓаволи“ му поставија еден услов на миланскиот гигант. Мурињо ќе го пушти Мата во Интер само доколку во трансферот биде вклучен Жоао Марио.
„Специјалниот“ не крие дека е голем фан на Жоао Марио и сака да го види сонародникот во својот тим.