Јасно, прво следуваше критика на негова сметка, а потоа и одговор во стил на Португалецот.
Во прашање е тренерот кој навистина во последните две сезони рушеше негативни рекорди.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Штета што Рашфорд игра за Јунајтед се работи за фантастичен млад играч кој во нормална ситуација би можел да биде прв играч на тимот. Негов проблем е што го има Мурињо за тренер“, изјави Фрак Де Бур кој после отказот во Палас работи како коментатор за англиска телевизија.
Секако, Мурињо не му остана должен.
„Прочитав што кажа најлошиот тренер во историјата. Тој изгуби седум натпревар во Кристал Палас, неговиот тим не даде гол и доби отказ. Рашфорд ништо нема да научи кај мене? Можеби, кај Де Бур би научил како се губат натпревари“, одговори во свој стил Мурињо.