Дома Фудбал Англија Мурињо го израмни рекордот на Фергусон!

Мурињо го израмни рекордот на Фергусон!

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо израмни рекорд на Сер Алекс Фергусон на чело на „црвените ѓаволи“.

Под водство на Мурињо „црвените ѓаволи“ немаат пораз во Премиер лигата во цели 24 натпревари по ред, откако синоќа одиграа реми со градскиот ривал Сити. За последен пат, Јунајтед загуби во Премиер лигата на 23 октомври минатата година од Челзи со 0:4.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Така, Мурињо ја повтори серијата на Јунајтед под водство на Сер Алекс од сезоната 2010/2011. Тогаш Јунајтед освои 15 натпревари и на 9 меча одигра реми, а серијата ја заврши со пораз од Вулверхемптон со 1:2.

Сега под водство на Мурињо Јунајтед има 13 победи и 11 реми средби и освоени 50 бода.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Дибала подготвува враќање кое го тресе континентот

Пауло Дибала би можел наскоро да направи еден од најголемите трансфери во аргентинскиот фу…