Дома Топ вести Мурињо го враќа Пјаниќ во Рома

Мурињо го враќа Пјаниќ во Рома

Според информациите на каталонскиот „Спорт“ Миралем Пјаниќ сигурно ќе ја напушти Барселона до крајот на преодниот рок.

Пјаниќ сака да се врати во Јувентус и „бјанконерите“ важеа како фаворити за неговиот потпис.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Пјаниќ прифатил 20% намалување на платата за да се врати во Торино, но Јувентус треба прво да се ослободи од Рамзи.

Таквата ситуација сака да ја искористи Рома и веќе стапиле во контакт со неговиот агент, па сака да го „украде“ пред носот на големиот ривал.

Барселона е спремна да го даде Босанецот на двегодишна позајмица за да се ослободи од неговата висока плата, а Мурињо го убедува Пјаниќ да се врати во Рома.

Пјаниќ не може повеќе да го чека Јувентус, па е спремен да и каже ДА на Рома.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…