Манаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, најави дека ќе нема да ја прифати понудата за продолжување на договорот.
Управата на Јунајтед е спремна да го продолжи договорот со Португалецот и за тоа му нуди договор на пет години, според кој Португалецот би заработил 65 милиони фунти, односно би добивал 250.000 неделно.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
„Не верувам…Не сум сигурен дека ќе ја завршам кариерата во Манчестер Јунајтед. Пред некој ден мојот син кој живее во Лондон отпатува во Париз, а не во Манчестер за да гледа фудбалски натпревар. Едноставно во овој момент во Париз се гради нешто посебно. Магија, квалитет, младост… Тоа е нешто фантастично“, изјави Мурињо.
„Не потпишувам нов петгодишен договор, но не одам ниту во ПСЖ. Имам договор и тоа е тоа. Единствено што можам да кажам е дека нема да ја завршам кариерата во Манчестер Јунајтед. И да ве прашам вас, како е можно во модерниот фудбал еден тренер да остане во еден клуб 15 или 20 години?“, зборуваше Португалецот.