Манчестер Јунајтед одлично стартуваше во новата сезона од Премиер лигата. Вчера „Црвените ѓаволи“ славеа против Евертон, но за избраниците на Жозе Мурињо нема одмор, бидејќи „Специјалниот“ е во трка по рекордот на легендарниот Сер Алекс Фергусон.
По пет кола од новата сезона, ривалите од Манчестер се наоѓаат на првите две позиции на табелата, со ист број бодови и идентична гол разлика. Сити вчера триумфираше против Ватфорд со 6:0, додека Јунајтед беше подобар од Евертон со 4:0.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Новата победа на „Црвените ѓаволи“ значеше дека сега Мурињо е само пет натпревари далеку од соборувањето на рекордот на Фергусон.
Имено, Манчестер Јунајтед е во серија од 33 натпревари без пораз, во сите натпреварувања, на „Олд Трафорд“, додека екипата со легендарниот Фергусон на клупата успеа да оствари 37 натпревари во низа без пораз.
Тоа значи дека Мурињо, ако во следните пет натпревари избегне пораз, ќе стане новиот сосптвеник на најдолгата низа на непобедливост на „Театарот на соништата“.
Шанда да се доближи до овој рекорд ќе има уште во среда, кога во рамки на Карабао Купот ќе се соочи против екипата на Бартон Албион. Потоа следат дуелите против Кристал Палас, Тотенхем и Њукасл во Премиер лигата, како и дуелот против Бенфика во рамки на Лигата на шампионите.