Манчестер Јунајтед вчера го победи Барнли со 2:0 во натпревар од 4. коло во англиската Премиер лига.
Двоен стрелец беше Ромелу Лукаку, но тимот на Жозе Мурињо промаши уште голем број добри шанси.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Мурињо е незадоволен од реализацијата покрај победата и тврди дека неговиот тим мораше да победи со поголема разлика.
„Ова беше добра фудбалска претстава, но требаше да победиме со поголема разлика. Не смеевме да дозволиме да има отворен резултат до крајот на натпреварот. Поголемиот дел од фудбалерите добро, но промашивме многу шанси и Харт направи неколку одлични интервенции. Не паметам дека сме одиграле толку добри натпревари како последните два.“ – истакна Мурињо.
Интересно, вториот натпревар кој Мурињо го споменува е поразот од Тотенхем на Олд Трафорд (0:3).