Фудбалерите на Манчестер Јунајтед денеска на „Олд Трафорд“ го играат најголемото англиско дерби против Ливерпул во рамкитена на 30. коло од англиската Премиер лига.
„Црвените ѓаволи“ сакаат да го победат лутиот ривал Ливерпул со што екипата на Жозе Мурињо би го задржала второто место пред „Црвените“. Во центарот на вниманието на вчерашната пресконференција беше Алексис Санчез кој во последните денови од јануарскиот трансфер период потпиша за Јунајтед.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Од Чилеанецот на „Олд Трафорд“ многу се очекува, но тој не успеа да го покаже својот квалитет од доаѓањето во Јунајтед. Мурињо даде изјава дека токму поради тоа не го сака зимскиот трансфер период, бидејќи тоа за играчите е најлошиот момент за промена на клубовите.
„Пристигна во најлошиот можен момент од сезоната, а тоа е зимскиот трансфер период. Поради тоа не ги сакам трансферите во јануари. Алексис не имаше шанса да дојде на подготовки и да се запознае со екипата и веднаш беше фрлен во оган. Сигурен сум дека следната сезона ќе биде негова и дека ќе покаже колку вреди“, изјави Мурињо, па додаде:
„Тој добро се чувствува и е среќен што тимот има добри резултати. Се разбира, не е се уште среќен поради своите игри, бидејќи има менталитет на шампион. Мило ми е што не се плаши да превземе одговорност и да даде максимун на теренот. Неговото време во Јунајтед доаѓа, само треба да бидеме малку трпеливи. Можеби токму ова дерби е шанса за него“.