Дома Фудбал Останато „Мурињо беше кандидат за тренер на Баерн и сакаше да дојде во Германија“

„Мурињо беше кандидат за тренер на Баерн и сакаше да дојде во Германија“

Легендата на Баерн и човек кој со години беше прв човек на клубот, Карл Хајнц Румениге откриве дека Жозе Мурињо бил кандидат за тренер на баварците.

Португалскиот стратег во неговата успешна кариера работеше во Шпанија, Англија и Италија, а имал прилика да води клуб и во Германија. Баерн во минатото преговарал со Мурињо, но сепак се решиле да не го ангажираат.

ВАР во македонскиот фудбал – Разговор со Дејан Јакимовски | Уште еден поткаст


„Жозе Мурињо беше кандидат за наш тренер. Сакаѓе да дојде во Германија и да го води Баерн, но на крајот се решивме за поинаков профил на тренер со карактеристики со кои подобро се совпаѓаат со оние на клубот“.

Румениге искажа и голема почит за Жозе.

„Го почитувам Мурињо и се надевам дека ќе направи големи работи во Рома. Нема збор дека станува за фантастичен тренер“, изјави легендарниот Румениге.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ливерпул започна со работа на привлекување на дефанзивец

Ливерпул започнал преговори со Кристал Палас за привлекување на Марк Геи, тврди “Атл…