Дома Фудбал Италија Мурињо бесен: Ќе барам аудио снимки и ќе отворам правна постапка, никој вака не ме навредил!

Мурињо бесен: Ќе барам аудио снимки и ќе отворам правна постапка, никој вака не ме навредил!

Жозе Мурињо во натпреварот на Рома против Кремонезе го заработи третиот црвен картон оваа сезона, Рома изгуби со 2:1, а Мурињо по натпреварот најави дека ќе поднесе правна постапка против судијата затоа што никој претходно така не го навредил.

Мурињо влезе во жестока расправија со четвртиот судија, Марко Сера.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Јас сум емотивен, не сум луд. За да реагирам, така как ошто реагирав мора да се случи нешто претходно. Ќе поднесам правна постапка против четвртиот судија. Пичинини ме исклучи затоа што не можа да сфати што во лице ми кажа четвртиот судија. Сакам да проверам дали има аудио снимки во близина на линијата. Сера е од Торино, а ние нареден викенд играме против Јувентус“.

„Првпат во мојата кариера доживувам ваква навреда на теренот, односот кој го имаше кон мене беше неоправдан. Пичинини бараше од мене да му се извинам, меѓутоа јас побарав од Сера да има храброст и пред него да објасни што се случи“, изјави нервозниот Мурињо кој не откри што точно му кажал судијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Дамфрис во Интер до 2028 година

Холандскиот репрезентативец Дензел Дамфрис го продолжи договорот со Интер до јуни 2028 год…