Дома Фудбал Англија Мурињо, ако некој лаже тоа си ти! – Новинарите го потсетија на негова изјава во 2015 година

Мурињо, ако некој лаже тоа си ти! – Новинарите го потсетија на негова изјава во 2015 година

Жозе Мурињо во последната изјава за „ЕСПН“ тврдеше дека тој не одлучил Мохамед Салах да биде продаден, но тоа не требаше да го зборува ако знаеше дека новинарите ќе го потсетат на една негова изјава од 2015 година.

Португалецот ги обвини луѓето во Челзи дека лажат во тврдењата дека тој одлучил Салах да биде продаден. Сепак, неговата изјава од пред три години потврдува дека тој оној кој лаже.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Имено во 2015 година Жозе сосема коректно најави дека има намера да го продаде Салах.

„Неговата иднина ја гледам некаде на друго место. Или на позајмица, би го продале доколку стигне интересна понуда. Имаме веќе пет крилни фудбалери во клубот и подобро за нас е да не го враќаме Салах“, изјави Мурињо во 2015 година.

Сега уште еднаш ќе ве потсетиме на најновата изјава која ја даде за „ЕСПН“.

„Луѓето зборуваат дека јас сум тој кој го продаде Салах, но всушност вистината спротивното. Јас го купив Салах. Кога пристигна во клубот беше млад, физички не беше спремен, психички исто така и беше изгубен, се беше претешко за него. Сакаше да игра повеќе и самиот бараше да биде испратен на позјамица, па го испративме во Фиорентина. Таму започна да созрева. Челзи одлучи да го продаде! Сега зборуваат дека јас сум тој кој го продал, тоа е лага. Јас само го купив. Се согласив да биде испратен на позајмица, мислев дека тоа е неопходно“, гласеше изјавата на Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Навивачите на Барса бесни на скапата ѕвезда: Оди си од клубот📷

Навивачите на Барселона на социјалните мрежи испратија серија на критики кон еден играч, и…