Во понеделник ќе дознаеме кој ќе го наследи Лука Модриќ и ќе ја освои Златната топка за 2019 година.
Каталонскиот „Мундо Депортиво“ вчера објави дека „Фран Фудбал“ вчера го информирал добитникот на Златната топка, а денес се дополнува со нова информација и тврди дека добитникот е Лионел Меси.
Confirmed: Messi will win his sixth Ballon d'Or on Monday. [@FApor_elmundo] pic.twitter.com/2TJgANzIzD
— barcacentre (@barcacentre) November 26, 2019
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Освојувачот на Златната топка за 2019 година денес дозна дека тој е добитникот. Имаше прилика и лично да ја допре престижната награда која ќе му биде доделена во Париз идниниот понеделеник“, стои во текстот на „Мудно Депортиво“.
Ако нивните информации се покажат како точни Меси ќе стигне до шестата Златна топка. Главни конкуренти на Аргентинецот му се Кристиано Роналдо и Вирџил Ван Дајк кој беше прогласен за играч на годината според ФИФА.