Дома Трансфер зона „Мундо Депортиво“ открива – Клоп до Реал Мадрид минатото лето испратил сензационална понуда!

„Мундо Депортиво“ открива – Клоп до Реал Мадрид минатото лето испратил сензационална понуда!

Како што пишува „Мундо Депортиво“ минатото лето екипата на Ливерпул имала сензационален предлог до Реал Мадрид.

Имено, според информациите на шпанскиот медиуми, Јирген Клоп на „Енфилд“ го сакал Герет Бејл, а за него до Мадрид доставил интересна понуда.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Англискиот гигант за услугите на Велшанецот го нудел Фелипе Кутињо и дури 70 милиони евра, но од Мадрид оваа понуда била одбиена.

Неколку месеци подоцна Кутињо се пресели во Шпанија, за сума од 160 милиони евра го облече дресот на големиот ривал на Реал Мадрид, Барселона.

Доколку веста на „Мундо Депортиво“ е точна и доколку Германецот се уште го сака Бејл веројатно ќе има подобра прилика да го ангажира ова лето бидејќи Велашанецот многу веројатно дека ќе го напушти Мадрид.

До овој момент на јавноста познат и беше интересот на Челзи и Манчестер Јунајтед за овој одличен фудбалер, па ќе биде интересно доколку и Ливерпул се вклучи во трката.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…