Шпанскиот весник „Мундо Депортиво“ пишува дека Нејмар во договорот има посебна клазула која може да се активира во летото 2020 година.
Кога Бразилецот премина од Барселона во Пари Сен Жермен за 222 милиони евра, Нејмар стана најскапиот играч во светот. Три години подоцна тој би можел да го напушти ПСЖ за многу помала сума
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Мундо Депортиво“ пишува дека после три години од неговото потпишување што значи во 2020 година ќе биде активна клазула според која Нејмар може да замине за сума од 170 милини евра.
За заминувањето на Нејмар од Париз се пишува многу често, а најмногу се поврзуваше со Реал Мадрид. Таквите најави на медиумите престанаа кога заврши минатиот летен преоден рок.
На големо се пишуваше дека Нејмар е желба на Флорентино Перез, па сега би можел да се обиде да го доведе во преодниот рок кој следи со оглед на реконструкцијата во Мадрид, но би можел да почека и уште една сезона за да го доведе за пониска сума.
Нејмар од кога дојде во ПСЖ клубот баш и нема успех во Лигата на шампионите што е главна цел на тимот од Париз. „Светците“ два пати рано испаѓаа во ова натпреварувања, имаше проблеми со повредите и одигра само 50 од можни 150 натпревари. Медиумите во Париз од неодамна започнаа да се сомневаат и во ставот на Нејмар.