Дома Топ вести „Мундо Депортиво“: Барселона во јануари ќе потроши 180 милиони евра!

„Мундо Депортиво“: Барселона во јануари ќе потроши 180 милиони евра!

Барселона во овој момент не игра во добра форма, посебно во Ла Лига каде што се три натпревари без победа.

Поради ваквата ситуација во клубот шпанските медиуми пишуваат дека гигантот од Каталонија ќе реагира веќе во јануарскиот преоден рок и за тоа наводно имаат спремено сума од 180 милиони евра!

Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓


На мета на Барселона се двајцата баварци, Кимих и Алаба, потоа Де Јонг и Де Лихт од Ајакс, како и Николас Таљафико.

Респектабилниот „Мундо Депортиво“ денес објави дека во Барселона очекуваат споменатата сума од 180 милиони евра да биде доволна за реализација на плановите и засилување на ростерот со посакуваните имиња.

Гледајќи ја моменталната ситуација јасно е дека најголем проблем е последната линија во тимот. Тука се повреди на подолг период најсигурниот стопер во овој момент на Каталонците, Самуел Умтити, додека Жерар Пике минува еден од најлошите периоди во неговата кариера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Агрегаторите да ги почитуваат авторските права на интернет порталите, преземањето на содржините како до сега е неприфатливо

Интернет порталите изразуваат спремност за разговор и договор со агрегаторите, но потпишаа…