Дома Фудбал Останато „Мундо Депортиво“: Барса донела одлука за иднината на Гризман!

„Мундо Депортиво“: Барса донела одлука за иднината на Гризман!

Веќе некое време се шпекулира за тоа дека Барселона по само една сезона ќе го продаде Антоан Гризман. Францускиот напаѓач не ги оправда очекувањата, иако за него беа платени 120 милиони евра на Атлетико Мадрид.

„Мундо Депортиво“ објави пред неколку дена дека Барселона сака да го продаде Гризман, за да собере пари да го купи потоа Нејмар, но очигледно тоа не е вистина.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Каталонскиот гигант ги демантираше шпекулациите на медиумите. Извор близок до каталонскиот клуб откри дека Гризман ова лето сигурно нема да замине, зашто во тимот се надеваат дека Французинот следната сезона ќе игра многу подобро.

Гризман со Каталонците има соработка до 2024 година и како што стојат работ и следната сезона ќе го гледаме во дресот на Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Драма на 80 дена пред почетокот на Мундијалот: Аргентина без Меси на Светското првенство?!

Светското првенство кое ќе се одржи во Америка, Канада и Мексико се приближува и остануваа…