Иван Ракитиќ е единствената мета на Баерн Минхен! Ваква вест се појави утрово во реномираниот шпански весник „Мундо Депортиво“.
Каталонскиот весник тврди дека Ракитиќ засега е единствена желба на Нико Ковач и дека во последните два дена интересот и тоа како зголемил. Овој потег на тренерот на Баерн има смисла бидејќи клубот неоадмна го напушти Артуро Видал кој замина токму во Барселона, но и поради потенцијалниот трансфер на Тиаго Алкантара во Реал Мадрид.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Германците сумата која би ја добиле за Алкантара би ја искористиле за купување на 30 годишниот играч за врска и сонародник на стратегот на Баерн.
Ракитиќ неодамна порача дека не сака да ја напушти Барселона, но во Германија се надеваат дека Нико Ковач е човекот кој може да направи разлика и да го убеди Ракитиќ да ја промени одлуката.
Во Барселона имаат јасен став, Ракитиќ не е на продажба, но доколку Баерн е спремен да ја активира клазулата од 125 милиони евра во неговиот договор, тогаш Барса ништо нема да се прашува.
Сепак, тоа би значело дека Баерн би ги прекршил сите правила во клубот, бидејќи познато е дека баварскиот гигант не сака да издвојува астрономски суми, па купувањето на играч кој има 30 години за 125 милиони евра би претставувал вистински клупски преседан.
El Bayern, otro que se fija en Rakitic https://t.co/9TMiHdFOOv pic.twitter.com/3w5bv5syE6
— Mundo Deportivo (@mundodeportivo) August 11, 2018