Дома Топ вести Моќта на Африка – бурни реакции во Шпанија поради насловната на „Марка“

Моќта на Африка – бурни реакции во Шпанија поради насловната на „Марка“

Реал Мадрид ова лето до овој момент реализираше два трансфери. Антонио Рудигер пристигна како слободен играч од Челзи и Орлиен Чуамени за околу 100 милиони евра од Монако.

Така „Галактикосите“ својата екипа ја засилија со двајца играчи кои по потекло се од афричкиот континент. Поради тоа мадритска „Марка“ излезе со насловна „Africa Power“, меѓутоа тоа предизвика бурни реакции.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Пристапот на шпанскиот медиум им засмета на бројни фанови кои реагираа во коментарите.

„Кога клубот нема да има резултати тоа ќе бидат играчи од Африка, а коа добро ќе му оди тогаш тоа ќе станат фудбалери од Германија, Франција, Австрија…“, напиша еден навивач на Твитер.

Друг смета дека голем дел од тие фудбалери немаат врска со афричкиот континент.

Рудигер е роден во Берлин, Бензема во Лион, Алаба во Виена…Дури и ако имаат родители од Африка немаат врска со тој континент“.

„Марка“ можеби сакаше афричкиот континент да го претстави во позитивна смисла во трансфер стратегијата на Реал Мадрид, меѓутоа поголемиот број од коментарите се негативни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Постигнат договор: Поранешен соиграч на Меси ќе биде нов тренер на Интер Мајами

Интер Мајами повторно ќе има аргентински тренер. По заминувањето на Герардо Мартино клупат…