Дома Фудбал Англија Мојс: Даклан Рајс? Можеби ќе бидат доволни 150 милиони фунти

Мојс: Даклан Рајс? Можеби ќе бидат доволни 150 милиони фунти

Тренерот на Вест Хем Дејвид Мојс е свесен дека неговиот клуб тешко ќе го задржи Даклан Рајс поради интересот од големите клубови.

Зад себе англискиот репрезентативец има неколку добри сезони и неговата цена на трансфер пазарот постојано е во пораст. Мојс сега порача дека фудбалерот не е на продажба, но може да замине ако некој клуб плати астрономска сума.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


„Цената на Рајс е повеќе од 100 милиони фунти. Минатото лето 100 милиони беше малку. Сега можеби 150 милиони фунти ќе бидат доволни, тој не е напродажба“, изјави Мојс.

Во медиумите на Островот Рајс подолго време се поврзува со Манчестер Јунајтед затоа што се најавува заминување на Пол Погба и Немања Матиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Oбјавена листа од најдобрите 100 фудбалери во историјата: Меси на врвот, само еден доби место од регионот!

Реномираниот магазин Атлетик објави рангирање на 100-те најдобри фудбалери на сите времиња…