Поради пандемијата со коронавирусот откажани се Мото ГП трките во Италија и Каталонија.
Според планот, во Италија требаше да се вози од 29. до 31. мај, а во Каталонија од 5. до 7. јуни, но беше јасно дека тоа ќе биде невозможно.
Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓
Мото ГП соошти дека поради пандемијата се откажани двете трки, а за сега не е можно да се одредат новите термини.
Како што сега стојат работите, сезоната нема да започне ни по средината на јуни, а требаше да почне на 8. март со трката во Катар.
До сега се откажани вкупно седум трки.