Дома Македонски спорт Мак ракомет Мотив повеќе за Вардар: ЕХФ не им дава шанси за фајнл-фор

Мотив повеќе за Вардар: ЕХФ не им дава шанси за фајнл-фор

Пред почетокот на осминафиналните натпревари во Лигата на шампионите ЕХФ објави рангирање и го смести тимот на Вардар на шестата позиција.

Црвено-црните во осминафиналето ќе се сретнат со Загреб и на хартија се фаворити. Доколку Вардар ја оправда фаворитската улога и го елиминира Загреб ќе се сретне со ПИК Сегед.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


За разлика од Вардар ПИК Сегед од ЕХФ го доби високото трето место за освојување на европскиот трон и тоа значи дека во ЕХФ не веруваа во можностите на Вардар да го елиминира унграскиот претставник.

„Момците од Скопје импресионираат и оваа иако во тимот имаше големи промени минатото лето. Поразот од воскреснатиот Веспрем е нивни единствен кикс во 2019 на домашен терен и поради тоа паднаа на третото место во групата А и ќе мора да играат против незгодниот Загреб во осминафиналето“, пишува за Вардар тимот на ЕХФ.

Според ЕХФ прв фаворит за освојување на титулата е Пари Сен Жермен, а во топ четири се уште Барселона, ПИК Сегед и Веспрем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Реал тргнува по дефанзивец на Тотенхем

Реал Мадрид сака да ја засили одбраната во зимскиот преоден рок, а најново име на списокот…