Дома Фудбал Останато Морбидни закани кон Ди Марија: Не оставаме пораки, зад нас остануваат само куршуми и мртви тела

Морбидни закани кон Ди Марија: Не оставаме пораки, зад нас остануваат само куршуми и мртви тела

Аргентинската ѕвезда Анхел Ди Марија моментално настапува за Бенфика, а кариерата би сакал да ја заврши во Росарио.

Аргентинецот сега добил морбидни смртни закани во семејната куќа на периферијата на градот Росарио, кој е среде бранот на насилство во трговијата со дрога.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Локалните медиуми јавуваат дека непознати лица оставиле заканувачка порака пред приватниот кварт во кој вообичаено престојува аргентинската ѕвезда, само седум дена откако изјавил дека би сакал да ја заврши кариерата во клубот од своето детство, Росарио Централ:

„Кажете му на вашиот син Анхел да не се враќа во Росарио, бидејќи некој од вашето семејство ќе го загуби животот. Ниту Пуларо нема да те спаси. Не оставаме никаква порака зад нас само куршумите и телата остануваат“, се вели во морбидната порака.

Инаку споменатиот Максимилијано Пуларо е гувернер на провинцијата, а останува да се види какви ќе бидат плановите на Ди Марија по ваквата порака.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барди испрати моќна порака: Велс нè удри силно, ова беше пораз од кој ти гори душата!

Македонскиот репрезентативен капитен Енис Барди се огласи само неколку дена по тешкиот пор…