Дома Фудбал Останато „Морати дојде кај мене и ми понуди 250 милиони евра за Меси“

„Морати дојде кај мене и ми понуди 250 милиони евра за Меси“

Жоан Лапорта е еден од кандидатите за наследник на Хозе Марија Бартомеу, Лапорта сака да се врати на функцијата претседател на Барселона која ја извршуваше од 2003 до 2010 година.

За медиумите Лапорта сега откри дека во 2006 година добил понуда за Меси која изнесувала 250 милиони евра. Масимо Морати кој во тоа време беше претседател на Интер дошол кај Лапорта со 250 милиони евра, меѓутоа добил негативен одговор.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Морати во 2006 година дојде кај мене во канцеларија и ми понуди 250 милиони евра за Меси, мојот одговор беше негативен. Не сакав да преговарам за Лео“, откри Лапорта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Таткото на Белингем се карал со директорот на Борусија откако неговиот син бил заменет на полувремето

Марк Белингам во саботата дојде од Англија за да го гледа дебито на син му во Бундеслигата…