Дома Фудбал Мората лут на раководството на Реал Мадрид

Мората лут на раководството на Реал Мадрид

Фудбалерот на Реал Мадрид, Алваро Мората е лут на раководството на клубот бидејќи го одолговлекува неговиот трансфер во Манчестер Јунајтед.

Преговорите меѓу двата клуба веќе подолго време се во тек, самиот Мората сака кариерата да ја продолжи во Премиер лигата бидејќи во Мадрид не е задоволен од минутажата која ја добива.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Манчестер Јунајтед испрати понуда од 80 милиони евра, но челниците на „кралскиот“ клуб постојано ја зголемнуваат цената и сега бараат 10 милиони повеќе, на што „црвените ѓаволи“ не сакаат да се согласат.

Мората е очаен поради целата ситуација, па бидејќи моментално се наоѓа на меден месец со сопругата во Италија, го овласи својот агент да преговара околку трансферот.

Шпанскиот репрезентативец минатото лето се врати на „Сантиаго Бернабеу“ после две години поминати во Јувентус, но минатата сезона не го доби статусот во Мадрид кој го посакуваше, па поради тоа сака да ја промени средината.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Очекувано: Јамал е „Златното момче“ за 2024 година

Ѕвездата на Барселона, Ламин Јамал е добитникот на наградата „Златно момче“ за 2024 година…