Дома Фудбал Италија Мората: Кариерата сакам да ја завршам во Гетафе

Мората: Кариерата сакам да ја завршам во Гетафе

Алваро Мората на европскиот фудбал се претстави пред неколку години во дресот на Реал Мадрид, иако од дете е навивач на Алтетико Мадрид.

Откако го напушти Челзи Мората одлучи да потпише за Атлетико. Денес тој е играч на Јувентус каде што пристигна ова лето.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Секогаш имате тим кој сте го сакале како дете. За мене тој клуб беше Атлетико, не знам дали повторно ќе играм за тој клуб, но секогаш ќе биде во моето срце“, изјави Мората

Ако оваа изјава дека навива за Атлетико не беше изненадување, Мората изненади со изјавата каде сака да ја заврши кариерата.

„Кариерата сакам да ја завршам во Гетафе. Имам добар однос со претседателот и навивачите на клубот. Благодаринев на нив стана фудбалерот кој сум денес и се надевам дека ќе им се одложам за тоа“, порача Мората.

Мората за Гетафе играше како младинец и од кадетскиот тим на овој клуб премина во Реал Мадрид во летото 2008 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Енцо Фернандез подготвен да го форсира својот трансфер во Реал Мадрид летово

Една од ѕвездите на Челси, Енцо Фернандез, е подготвен да достави барање за трансфер по кр…