Дома Фудбал Англија Мончи: Тоа што го продадовме Алисон не значи дека немаме амбиции

Мончи: Тоа што го продадовме Алисон не значи дека немаме амбиции

Бразилскиот голман Алисон синоќа за 75 милиони евра премина од Рома во Ливерпул и со тоа е означен најскапиот голмански трансфер на сите времиња.

После Наинголан, Рома остана и без својот прв голман што не им се допаѓа на навивачите на Римјаните.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Со цел да ја смири ситуацијата, спортскиот директор на Рома, Мончи кој изјави дека не е точно дека со продажбата на Алисон клубот нема амбиции.

„Кога ќе ви пристигне толку добра понуда, мора да размислите. Ги разгледавме негативните и позитивните страни, а потоа одлучивме да разговараме со Ливерпул. Оваа продажба не значи дека немаме амбиции.“ – изјави Мончи и додаде:

„Ги сфаќам и навивачите, но сакам да знаат дека работиме на тоа да изградиме силен тим. Можеби на некои навивачи денеска им е тешко, но не заборавајте дека ги донесовме Пасторе и Клајверт. Тоа се врвни играчи. Немам цел да направам добар тим за една сезона, туку и за наредните и сигурен сум дека така ќе биде.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Арсенал официјално се пофали со долгоочекуваниот трансфер

Арсенал објави официјално дека го има трансферирано Мартин Субименди од Реал Сосиедад. “То…