Дома Трансфер зона Мончи има нови имиња: Ова се метите на Рома после „кражбата“ на Малком

Мончи има нови имиња: Ова се метите на Рома после „кражбата“ на Малком

monchi

Рома го договори трансферот на Малком во своите редови, но во последен момент во приказната се вклучи Барселона, ја зголеми понудата за неколку милиони, Италијанците изедначија, но самиот фудбалер одлучи да го засили шпанскиот шампион.

Тој е и претставен во новиот клуб, а „Волчицата“ продолжува во потрага за десно крило. Како што пренесува Џанлука Ди Марсио, сега на радарот на клубот од италијанскиот главен град е играчот на Баер Леверкузен, Лион Бејли.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Играчот од Јамајка во Германија е две сезони, во изминатите години остави одличен впечаток во дресот на „фармацевтите“, често беше споредуван и со искусниот фудбалер на Баер, Арјен Робен. Голем број на клубови покажаа интерес за него, за одличниот играч на Леверкузен се заинтересирани Челзи, Манчестер Сити, Баерн, но и многу други клубови, вклучувајќи ја и Рома.

Сепак, изгледа дека играчот на Јамајка би можел да биде преголема инвестиција за Римјаните, а втората опција на клубот од „Олимпико“ е талентираниот Бразилец од Ајакс, Давид Нереш. Тој се изби во првиот план минатата сезона, ова лето доби уште повеќе простор, откако Џастин Клајверт се пресели токму во Рома. Сега повторно Нереш и Клајверт би можеле да играат заедно, ќе видиме дали Ајакс ќе сака да го пушти и Бразилецот во Рим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …