Дома Фудбал Италија Монца на Берлускони на чекор од Серија А!

Монца на Берлускони на чекор од Серија А!

Moнца на Силвио Берлускони кој го градеше Милан во 80-те и 90-те е на чекор од историски пласман во Серија А.

Вчера Монца во првиот финален натпревар од плеј-офот против Пиза славеше со 2:1 за битката за последното слободно место за Калчото. Можеше Монца и со два гола да патува на гостувањето, но Пиза преку Филипо Бера намали на 2:1 во 93. минута од натпреварот. Головите за Монца ги постигнаа Диего Мота и Кристијан Гиткјаер.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Ќе потсетиме Монца е предводена од славниот тандем на Милан, Берлускони – Галијани. Тие го преземаа овој клуб во третата лига, а сега се на чекор од нивната главна цел – место во Серија А. Реванш натпреварот се игра в недела.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Со Реал Мадрид освои 17 трофеи, ПСЖ го отпиша, сега се сели во Интер?

Летниот трансфер период носи многу промени, а се чини дека Марко Асенсио наскоро ќе го про…