Поранешниот капитен на Милан и италијански репрезентативец Рикардо Монтоливо објави крај на кариерата и за тоа ги обвини „росонерите“.
34-годишниот играч за врска последната година во Милан воопшто не беше во плановите на тренерот Гатузо и не одигра ниту една минута.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Од овој момент завршив да играм фудбал професионално. Ќе продолжам да живеам во Милано со семејството. Не знам што ќе правам следно. Може да се каже дека Милан ме натера да ја завршам кариерата. Јас дури и немав можност да се збогувам со навивачите по седум години“, изјави Монтоливо, кој потоа директно го обвини тренерот Гатузо.
„Бев во последната година од договорот и ми беше кажано преку СМС дека нема да одам со тимот на летна турнеја во САД. Потоа разговарав со Гатузо и ми кажа дека кај него сум втор избор, но јас решив да останам. Од тој момент дури и не ми беше дозволено да тренирам со првиот тим. Тренирав сам или со младинците, а никогаш не добив објаснување“, открива Монтоливо.
Монтоливо
има одигра 348 меча и постигнато 25 гола во Серија А со дресовите на Аталанта,
Фиорентина и Милан.