Дома Фудбал Италија Монтоливо: Никој не очекуваше вакви големи проблеми!

Монтоливо: Никој не очекуваше вакви големи проблеми!

Играчот за врска на Милан, Рикардо Монтоливо за италијанските медиуми изјави дека очекувал дека тимот ќе има потешкотии оваа сезона, но не толку големи проблеми.

„Росонерите“ потрошија многу пари минатото лето и донесоа 10 нови фудбалери, но оваа сезона комплетно потфрлија и моментално се наоѓаат на 11-та позиција на табелата.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Никој не очекуваше толку големи проблеми. Многу е тешко да се најде баланс со толку нови фудбалери, но ние ќе се потрудиме што побрзо да излеземе од овој комплициран период. Нашата цел е да најдеме константност која ни недостасуваше во 2017 година“, истакна Монтоливо.

„Се надевам дека победата во градското дерби против Интер ќе ни донесе самодоверба. За да го вратиме Милан таму каде што припаѓа ќе ни треба долго време. За сега навивачите само сакаат да видат конкурентен тим, а тоа е нешто побрз процес. Сите мораме напорно да работиме“, изјави Монтоливо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Кој замина од Манчестер јунајтед му тргна: Онана прогласен за играч на натпреварот на дебито во новиот клуб!

Андре Онана, голманот кој дo неодама беше често критикуван во Манчестер Јунајтед, во после…