Некогашниот напаѓач на италијанската репрезентација, Винченцо Монтела, изминатата седмица е именуван за нов тренер на Севиља, каде пристигна како наследник за Едуардо Бериза, а своето деби ќе го има против Кадиза во Купот на Кралевите.
Монтела ниту денес не го сокри задоволството што ја презеде Севиља, истакнувајќи како пристигнал во силен клуб, кој константно е дел од европските натпреварувања.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Милан е голем клуб, во последните 30 години освои многу трофеи, но ако погледнеме пет години наназад, зедоа само неколку. Севиља во изминативе 10 години освои повеќе од Милан, тоа е клуб кој игра постојано во Европа и многу е силен“, истакна Монтела на конференцијата за медиумите во пресрет на своето деби.
Инаку, за потсетување, Монтела со клубот од Андалузија договори соработка до јуни 2019. година.