Во вториот натпревар од финалето на Западната конференција, Далас Маверикс на гостински терен ја победи Минесота со 109:108 и поведе со 2:0 во серијата.
Херој на Мавс и во овој натпревар беше словенечкиот репрезентативец Лука Дончиќ, кој на три секунди до крајот погоди над Руди Гоберт за победа на Далас.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Домаќинот имаше шут за победа, но Конли промаши, а тоа Дончиќ го казни на спротивната страна.
Дончиќ го заврши натпреварот со 32 поени, 13 асистенции и десет скока, додека Ирвинг додаде 20 со шест асистенции и четири скока. Гафорд мечот го заврши со 16 поени и пет скока, а Лајвли постигна 14 поени со девет скока и две асистенции, додека двоцифрен беше Вашингтон со десет поени и пет скока.
Во редовите на Минесота, Рид беше најдобар со 23 поени и два скока, додека Едвардс додаде 21 со седум асистенции и пет скока, а Конли го заврши натпреварот со 18 поени и пет скока и исто толку асистенции. Гоберт додаде 16 со десет скока и две асистенции, а двоцифрен беше и Таунс со 15 поени, седум скока и три асистенции.
Серијата сега се сели во Тексас кога Мавс ќе имаат можност со две победи да обезбедат пласман во големото НБА финале.