Што да се каже освен едно големо – БРАВО!
Порто и Бенфика во минатото доминираа на трансфер пазарот кога во прашање е продажбата на фудбалери за огромни суми, но ова лето светот добива нова „фабрика за правање пари“ и тоа клубот на Монако.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Moнако ова лето кога во прашање се големите продажби ги фрли во „сенка“ сите други клубови, а нивното фантастично лето беше заокружено со позајмицата на Мбапе во ПСЖ за која наредното лето клубот од Кнежеството ќе добие 180 милиони евра.
Навистина мајсторски си ја одработија задачата директорите на Монако Димитри Риболовљев и Видим Васиљев кои и повеќе од добро ја наплатија фантастичната сезона на фудбалерите. Неверојатно звучи податокот дека во ерата на Португалецот, Леонардо Жардим, Монако од продажбата на фудбалерите заработи НЕВЕРОЈАТНИ 520 милиони евра.
Леонардо Жардим успеа да го разбуди „ѕверот“ во одредени фудбалери кои од целосни анонимуси преку ноќ станаа најголеми ѕвезди на европскиот фудбал. Да потсетиме, Монако распродаваше и пред две години кога заработи 180 милиони евра, а клубот го напуштија, Марсијал, Кондогбија, Абденур, Карасако и Курузава.
Додека ова лето за огромни суми од Монако заминуваа Менди (Манчестер Сити) за 57.7 милиони евра, Брнардо Силва (Манчестер Сити) за 50 милиони евра, Тајмон Бакајоко (Челзи) 40 милиони евра и Мбапе (ПСЖ) 180 милиони евра.
Покрај тоа Жардим не ги продаде сите свои најдобри фудбалери, Фабињо остана и покрај богатите понуди, а пристигнаа Тилеманс, Конголо и Кеита Балде кои се очекува да ги заменат Силва, Менди и Бакајоко. Одлична вест за Монако е и што почнува да се буди Радамел Фалако кој одлично ја започна сезоната.