Италијанскиот гигант Милан кој беше еден од најактивните клубови на трансфер пазарот, а во последниот месец од преодниот рок тие не успеаа да го доведат Радамел Фалкао.
„Франс Фудбал“ пренесува дека екипата на Монако ја одбила понудата од „росонерите“ за напаѓачот, Радамел Фалкао, која изнесувала 30 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
После оваа одбиена понуда, екипата на Милан ќе продолжи да бара напаѓач со што би го комплетирала фантастичниот преоден рок.
Фалкао беше потенцијална мета, но очигледно актуелниот шампион на Франција не сака, да го пушти својот напаѓач, барем не за сума од 30 милиони евра.
Од Кнежеството сметаат дека тоа е премала сума за напаѓач каков што е Колумбиецот, па сакаат да многу подобра понуда, а сега се поставува прашањето дали управата на Милан ќе биде спремна да понуди повеќе.