Дома Македонски спорт Моментот кога Столе го поправи коментаторот на ЕХФ: Мојата земја е Република Македонија (ВИДЕО)

Моментот кога Столе го поправи коментаторот на ЕХФ: Мојата земја е Република Македонија (ВИДЕО)

Вчера Вардар ја израдува Македонија и стана европски шампион, а на конференцијата после натпреварот во центарот на вниманието се најде Стојанче Стоилов.

При најавувањето официјалниот спикер од ЕХФ кажа: Ова е втора титула за Вардар и прва за Северна Македонија.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Оваа негова најава не ја прифати Стоилов кој се сврте кон него и му кажа нешто друго.

„Му честитам на Веспрем за фер и коректната борба, ова беше еден одличен натпревар. Не би сакал многу да зборувам затоа што сме преполни со емоции поради оваа победа. Знаеме со какви проблеми се соочувавме во целата сезона и ова е голема победа за нас и за мојата земја Република Македонија“, порача капитенот на Вардар.

Тимот на Вардар се очекува вечерва во околу полноќ да пристигне на аеродромот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Македонските ракометарки поразени од Хрватска

Женската ракометна репрезентација загуби од Хрватска со 18-26 во рамки на турнирот „Кроаци…