Легендарниот играч за врска на Јувентус, Алесио Такинарди смета дека управата на Јувентус испаднала неправедна кон Маурицио Сари бидејќи не му пружила доволно поддршка.
„Прво мислев дека Сари бара ова да се игра. Сега не мислам така. Мислам дека играчите работат на своја рака и го прават тоа што тој не го сака. Кога играат 20 минути, а потоа го губат интезитетот тоа е нивна вина, не на тренерот. Си играат со оган, лесно може да се случуте трката за титулата да биде активна до последното коло. Ако се случи да ја изгубат тоа ќе биде катастрофа и ќе се одрази на Лигата на шампионите. Јуве мора што побрзо да ја обезбеди титулата“, смета Такинарди.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На крај тој коментираше и иднината на Сари.
„Кога тимот игра како што сака Сари може да победи секого, меѓутоа често паѓаат во темпото. Ми изгледа како Јувентус полека да го пушта Сари низ вода“, зарши поранешниот играч на „старата дама“.