Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола истакна дека очекува Микел Артета да остане во неговиот стручен штаб до крајот на оваа сезона и покрај интересот од Арсенал и Евертон.
Двата клуба се заинтересирани да го донесат 37 годишниот Артета на нивната клупа, но како што стојат работите тоа ќе им биде тешко затоа што тој има актуелен договор со Сити.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Мислам дека Емери е менаџер на Арсенал. Сeкако дека Артета сигурно ќе биде тренер, порано или подоцна, тој е многу млад. Ние ќе ја завршиме сезоната, а во иднина не знам, што ќе се случи. Би сакал тој да остане со нас што е можно подолго. Не само јас, и Манчестер Сити го сака затоа што тој е неверојатно важна личност за овој клуб, но за во иднина, личниот живот си е личен живот, а тој си има свои професионални желби“ –истакна Гвардиола.