Дома Фудбал Останато Можете ли да погодите кој е омилен играч на Златан од активните фудбалери?

Можете ли да погодите кој е омилен играч на Златан од активните фудбалери?

Договорот на Златан Ибрахимовиќ со ЛА Галакси истече, а се уште не е познато каде ветаранот ќе ја продолжи кариерата.

Ибрахимовиќ најмногу се поврзува со враќање во Италија, а откако Болоња отпадна од конкуренција во игра останаа Наполи и Милан, меѓутоа во Наполи дојде до промената на тренерската клупа, па сега не е познато дали Гатузо сака да соработува со Ибра.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Идол на Ибрахимовиќ како што е добро познато во јавноста е „стариот Роналдо“, а сега тој откри кој му е омилен играч од активните фудбалери. И ако во минатото му бил Роналдо сега е човекот кој многумина го сметаат за наследник во светскиот фудбал на Бразилецот – Килијан Мбапе.

„Мбапе прави голема разлика на теренот и тој е мој омилен играч. Многу е млад и може уште да напредува ако продолжи да работи. На 19 години е голема ѕвезда и се надевам дека ќе ја задржи страста и желба на ова ниво. Најважно е неговата глава да остане ладна, а тоа е тешко кога ќе достигнеш такво ниво, посебно ако си млад“, изјави Ибрахимовиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ди Марија ги одбра петте најважни аргентински фудбалери во историјата, еден од нив ги изненади сите

Анхел Ди Марија е еден од најдобрите аргентински играчи на неговата генерација, а сега ги …