Дома Македонски спорт Мак фудбал Можен состав: Трајковски се враќа во стартниот тим

Можен состав: Трајковски се враќа во стартниот тим

Maкедонската фудбалска репрезентација денес го игра натпреварот против Бугарија кој е последен во Лигата на Нации за оваа сезона.

Во однос на составот со кој започнавме против Грузија во Тбилиси се очекуваат една до две измени, доколку нема некои посебни изненадувања.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Александар Трајковски во Грузија поради температура не се најде во старниот состав и сега се очекува да се врати во првиот тим и тоа како полушпиц зад Миовски и Ристовски кој треба да го започнат и овој дуел.

Елмас така кој беше на оваа позиција во Грузија би се вратил во средниот ред во тандем со Барди, а на клупата ќе се пресели Спировски.

Тројката во одбраната во формацијата 3-5-2 се очекува да биде Зајков, Велковски и Муслиу. Алиоски е сигурен на левата позиција, додека десно се очекува повторно да стартува Стефан Ашковски, негова алтернатива е Тодороски кој на минатиот натпревар влезе како замена. На голот секако ќе биде Столе Димитриевски.

Натпреварот е закажан за терминот од 20:45 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…