Дома Фудбал Англија Можеби најрадосната вест за фановите на „Топчиите“: Кам бек на големиот Санти Казорла

Можеби најрадосната вест за фановите на „Топчиите“: Кам бек на големиот Санти Казорла

Од Лондон пристигнуваат навистина убави вести за Санти Казорла, кој наскоро би можеле да го гледаме повторно на терените.

Шпанецот го одигра последниот меч за „Топчиите“ во октомври 2016. година против Лудогорец во Лигата на шампионите.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Постоеше опасност дека ќе мора да ја заврши кариерата, неодамна призна дека малку недостатувало да му се ампутира стапалото поради инфекција во текот на операцијата, но за среќа тоа не се случи.

Арсен Венер поради сериозност на ситуација одбиваше да зборува за враќањето на Казорла во погон, но според најсвежите информации, „Професорот“ го врати на списокот играчи на кои ќе смета во нокаут фазата од Лига Европа.

На тој список се наоѓа и Хенрик Михтаријан со тоа што на ова натпреварување ќе го носи бројот 77, бидејќи „седумката“ веќе ја носеше Алексис Санчез, а на него е и Гркот, Констатинос Мавропанос, додека Обамејанг не е на списокот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Еве какви шанси имаат тимовите по ова коло во Лигата на шампионите: Барселона ќе мора во плеј-офот?! (Фото)

Во вторникот и средата беа одиграни натпреварите од шестото коло на Лигата на шампионите. …