Дома Фудбал Италија „Можам да испијам 20 чаши алкохол и да одиграм натпревар“

„Можам да испијам 20 чаши алкохол и да одиграм натпревар“

Поранешниот белгиски репрезентативец, Раџа Наинголан (34) во зимскиот преоден рок како слободен играч се пресели во италијански СПАЛ во Серија Б.

Наинголан во текот на кариера играше и за клубови како Интер и Рома, но беше познат по неговиот проблематичен карактер. Сега на таа тема зборуваше во интервјуто за „Кориере дела Сера“. Воедно тој му одговори и на поранешниот директор на Рома, Валтер Сабатини.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Сабатини претходно изјави дека Наинголан си дозволувал ноќта пред натпреварот да излезе и да пие алкохол во поголеми колични.

„Патев како дете, семејството ми беше сиромашно. Се жртвував за да станам фудбалер. Не сакам да престанам да уживам во животот, а природата ми даде тело на кое не влијаат работите кои ги правев. Во секој клуб имав проблеми. Во Рома кога доцнев, се појавуваа снимки на кои не бев при свест. Потоа дочекот на Новата година кај мене…Ќе го паметам до крајот на животот, можеби тоа е најлудата ноќ во мојот живот“.

„Се појавуваа снимки од мене како во алкохолизирана состојба изговарам непристојни зборовои. Сите ме нападнаа и беа во право“, изјави Наинголан, па ги коментираше зборовите на Сабатини.

„Го побарав и му кажав дека можам да испијам 20 чаши алкохол и да излезам да одиграм на тпревар. Сабатини е човек кој ми мислеше добро, ме советуваше да водам помирен живот за да имам подобра кариера. Но, едноставно тоа сум јас“, изјави Наинголан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Аморим: Јас сум вистинскиот човек за Манчестер Јунајтед🎥

Рубен Аморим денес ја имаше првата пресконференција како тренер на Манчестер Јунајтед. Амо…