Џузепе Роси сигурно е еден од најнесреќните фудбалери во светот. Во текот на својата кариера Роси неколку пати ги кинеше лигаментите на коленото.
Своевремено Роси важеше за голема надеж на италијанскиот фудбал, но поради проблемите со повреди никогаш до крај не успеа да го исполни својот потенцијал. Веќе година ипол тој е без клуб.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Последниот ангажман го имаше во Џенова, без клуб е од летото 2018 година. Сега на потрагата на Роси по нов клуб конечно може да дојде крајот.
„Кориере дело Спорт“ објави дека 33 годишниот фудбалер е блиску до потпис со СПАЛ, тим кој има проблем со реализацијата меѓутоа во јануари не доведоа напаѓач.
Најдобрите денови Роси ги помина во Фиорентина и Виљареал, а своевремено беше член и на Манчестер Јунајтед. Во кариерата настапуваше уште за Парма, Селта и Њукасл.