Лука Модриќ, како што објавија шпанските медиуми, во текот на денот треба да се појави пред судијата Гонзало Салгадо поради обвинението дека за едно со сопругата Вања исбегнал да плати данок од најмалку 870.728 евра.
Брачната двојка е осоумничена дека во Луксембург формирале фиктивна компанија со цел да избегнат плаќање на данок во Шпанија во 2013 и 2014 година. Корпоративниот данок во Луксембург може да биде намален до еден отсто, додека во Шпанија изнесува 30 отсто, а според сегашните крутериуми може да порасне до 51 отсто.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Шпанските даночници се сомневаат дека износот може да биде и поголем, поради што обвинителството ги истражува сметките на Модриќ во даночниот рај на островот Ман, кој се наоѓа помеѓу Ирска и Велика Британија.
„Ел Мундо“, објави дека Модриќ нема да заврши в затвор бидејќи се спогодил со обвинителството и веќе уплати еден милион евра, што според Шпанците е знак дека сака брзо решавање на случајот.