Дома Фудбал Англија Многумина се смеат денес: Како изгледаше кога Мурињо ја предвидуваше сезоната за Вест Хем?!

Многумина се смеат денес: Како изгледаше кога Мурињо ја предвидуваше сезоната за Вест Хем?!

Жозе Мурињо е тренер кој во текот на кариерата кажал многу неверојатни работи пред, во текот и по мечот, а некои негови реченици ќе влезат во фудбалската архива.

Во многу ситуации не било јасно дали „Специјалниот“ е искрен или само ироничен, а често се фали дека ги предупредил своите играчи да не се опуштаат.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Тој имаше интересна изјава пред почетокот на оваа сезона, односно пред 1. коло во ПЛ и средбата против Вест Хем. Португалецот тогаш истакна дека Вест Хем ќе се бори за титулата.

„Многу размислувам за Вест Хем против кого ја отвораме сезоната. Го донесоа Хаарт, пристигнува Арнаутовиќ и Чичарито. Фантастично го одработија преодниот рок и изгледа дека ќе водат битка за титулата“, истакна Мурињо кон крајот на јули.

Секако, оваа изјава сега делува потполно бесмислено, бидејќи Вест Хем по 11 одиграни кола се наоѓа на 18. позиција со само 9 освоени бодови.

Екипата која во продолжението на сезоната ќе ја предводи Дејвид Мојес има проблем со опстанок во лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Реал Мадрид гледа португалскиот ас од 80 милиони евра како замена за Модриќ 

Според неодамнешен извештај од „Фичахес“, Реал Мадрид имаат насочено внимание кон ПСЖ за В…