Пато во Кина замина изминатата зима откако мина само шест месеци во Виљареал.
Бразилскиот напаѓач не можеше да ја одбие богатата понуда иако многумина веруваа дека со партиите во шпанскиот клуб повторно ќе може да се врати на големата сцена.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Овој напаѓач, најдобрите партии ги понуди во дресот на Милан а кој одигра 150 наптревари и постигна 63 погодоци. Меѓутоа, зачестуваа повредита кои го одалечија од првиот тим, а потоа Пато одлучи да се врати во Бразил. Но, се чини дека Бразилецот не би имал ништо против повторно да заигра за „Росонерите“.
„Милан е мојот дом. Тогаш за првпат бев надвор од Бразил и клубот ми даде можност да бидам познат ширум светот. Добив шанса да играм во Европа, да освојувам трофеи и да бидам дел од екипата која ја сочинуваа фантастични играчи. Се надевам дека ќе се вратат таму каде припаѓаатт, на самиот врв. Дали ќе се вратам еден ден? Сега играм во Кина и среќен сум, но никој не знае што може да се случи. Ако пристигне понуда, сериозно би размислувал за тоа“, истакна Пато.