Младата фудбалска репрезентација на Португалија вчера во квалификациски натпревар за Европското првенство го победи Лихтенштајн со резултат 11:0.
У21 селекцијата на Португалија немаше милост кон слабиот противник и уште во првото полувреме гостите им дадоа девет гола. Започна се во деветата минута кога Нуно Тавараше погоди за 1:0, три минути подоцна Алмеида зголеми на 2:0. Гончало Рамос во 12. минута стрелаше за 3:0, Фабио Силва во наредниот напад го постигна четвртиот гол, а до 25. минута Рамос постигна уште два гол за 6:0.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Виеира во 37. минута користи пенал за 7:0. До хет-трик стигна многу брзо Рамос за 8:0, конечните 9:0 во првото полувреме ги постави Фабио Силва во 44. минута.
Во второто полувреме Португалија сепак подзастана и преку Томас и Консесиа постигнаа само уште два гола за 11:0. Интересно е што на семафорот во Визел не можеше да се запише конечниот резултат, па се бараа алтернативни решенија.
O marcador do estádio do Vizela não estava preparado para que Portugal Sub-21 chegasse aos dois dígitos 😂 pic.twitter.com/8O7EW6YlST
— B24 (@B24PT) October 7, 2021