Дома Македонски спорт Мак ракомет Младите момци на Голден Арт КЛ7 со минимален пораз од Еурофарм Пелистер 2

Младите момци на Голден Арт КЛ7 со минимален пораз од Еурофарм Пелистер 2

Голден Арт КЛ7 со минимален пораз ги стратуваше серијата подготвителни натпревари за престојната сезона.

Во салата „Тодор Александров”, која веќе втора година е база на нашите ракометари во Охрид, противник на нашиот тим беше поискусната екипа на Еурофарм Пелистер 2.


Лига Нации: Се освен прво место ќе биде катастрофа за Македонија! ↓↓↓


Натпреварот во целиот свој тек беше неизвесен, и ниту една екипа немаше предност поголема од два разлика. На полувремето биолчани имаа предност од 12:11, а крајниот резултат гласеше 21:23 за Еурофарм Пелистер.

Имајќи предвид дека се работеше за подготвителен натпревар, двајцата тренери, Бошковски и Јовиќ, дадоа можност за воигрување на повеќе ракометари од своите редови. Кај Голден Арт КЛ7 поради повреди не настапија Никола Цветаноски, Емилијан Ѓорговски и Андре Буторац, но и без нив нашиот тим одигра солиден подготвителен натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Тиквеш го отпушти тренерот без ниту еден официјален натпревар

Екипата на Тиквеш без ниту еден официјален натпревар се раздели со тренерот Драган Маркови…