Дома Фудбал Англија Младиот Србин потпиша нов договор со Ливерпул

Младиот Србин потпиша нов договор со Ливерпул

Фудбалскиот клуб Ливерпул потврди денес дека Стефан Бајчетиќ го продолжи договорот.

Бајчетиќ посебно го сврте вниманието на себе ова сезона, а од почетокот на 2023 година игра во одлична форма, па не е чудо што управата на клубот му го продолжи договорот.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Новиот договор на младиот српски фудбалер е со важност до 2027 година.

„Ова е навистина лудо, пред само една година играв за У18 тимот и почнав да тренирам со првиот тим, одиграв неколку натпревари.

Потоа дебитирав и постигнав гол, неверојатно со колкава брзина се се развиваше. Но сакам да продолжам да тренирам напорно и се надевам дека работите и понатаму ќе се менуваат на подобро“, изјави Бајчетиќ.

Бајчетиќ е роден 2004 година и како тинејџер пристигна во Ливерпул од академијата од Селта во 2021 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Хит изјава на Халанд: Манчини ме допираше по задникот, тоа ме мотивираше!

Фудбалската репрезентација на Норвешка триумфираше вчеравечер против Италија на „Сан Сиро“…