Младинската кошаркарска репрезентација на Македонија триумфираше во првиот од двата контролни дуела со селекцијата на Романија. Македонија победи со 76:65 односно 22:18, 23:23, 18:8 и 13:16.
Избраниците на селекторот Мирко Петрески во четвртиот натпревар ја постигнаа третата победа. Претходно Македонија ги победи соодветните селекции на Косово и на Полска, а загуби еден дуел од Полска.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Македонските кошаркари уште од самиот почеток имаа предност во дуелот, а во вториот дел со смирена игра ја одржуваа предноста.Во нашиот табот, Маслинко беше најпрецизен со 16 поени, Ефремовски постигна 14, а Митев и Робев по 10 поени
Двете селекции утре во терминот од 18 часот во малата сала во СЦ „Јане Сандански“ ќе одиграат уште еден натпревар. Младинците на Македонија се подготуваат за настап на Европското првенство Б дивизија што нашата селекција ќе го игра од 15. до 23. јули во Орадеа, Романија.