Дома Фудбал Лига на шампиони Младата ѕвезда на Реал вчера испиша историја во Лигата на шампионите

Младата ѕвезда на Реал вчера испиша историја во Лигата на шампионите

Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“ одигра фантастичен тим и конечно ја задоволи публиката со нивниот настап, откако го растури турски Галатасарај со неверојатни 6-0, а стрелец на три гола беше бразилската ѕвезда Родриго.

Родриго на само 18 години и 301 ден стана втор најмлад стрелец на хет-трик во историјата на Лигата на шампиони (ЛШ), а првото место му припаѓа на легендарниот Раул, кој на 18 години и 113 дена против Ференцварош во 1995 година беше стрелец на три гола.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Родриго притоа стигна до совршен хет-трик, откако постигна голови со лева и десна нога, како и со глава, а по тоа е најмлад во историјата. Веднаш зад него е Килијан Мбапе, на кој такво нешто му успеа на 20 години и 306 дена против Клуб Бриж.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Кристијано Роналдо нешто не успеа за првпат после 16 години

И тој е само жив човек, би рекле некои во негова “одбрана” поради тој “п…